|

Несебар останува на листата на светско културно наследство на УНЕСКО

Стариот град Несебар во Бугарија останува на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, соопштија за БТА од Министерството за култура на Бугарија. Одлуката е донесена на 45-та продолжена седница на УНЕСКО (од 10 до 25 септември, Ријад). Присутни биле министерот за култура Крсто Крстев, неговиот заменик Чавдар Георгиев и Амелија Гешева – советник во министерството.

Бугарската делегација, која во доцните попладневни часови на 14 септември го презентираше ставот на Бугариja за овој случај, беше предводена од министерот за култура Крстјо Крстев и заменик министерот Арх. Чавдар Георгиев. Бугарија учествува како членка на седницата за прв пат по 30 години.

Од 20 земји, повеќе од 50 проценти гласале позитивно за Несебар да остане на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.

Веднаш по објавувањето на добрата вест, градоначалникот на Несебар – Николај Димитров, им се заблагодари на вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел, на министерот за култура Крстјо Крстев и на заменик министерот Чавдар Георгиев како и на сите претставници на бугарската делегација , кои ја одбраниле позицијата и престижот на Несебар.



Слични Објави