Нетанјаху до Иранците: „Очекувајте уште – режимот никогаш не бил послаб“
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, упати силна порака до иранскиот народ, во која најави продолжување на израелската кампања против иранските воени и нуклеарни капацитети, пренесува БГНЕС.
Во видеообраќање објавено денеска, Нетанјаху изјави дека изминатите 24 часа Израел успеал да елиминира високи воени команданти, нуклеарни научници, клучен објект за збогатување на ураниум, како и значителен дел од иранскиот арсенал на балистички ракети.
„Очекувајте уште. Режимот не знае што го удри, ниту што го очекува. Никогаш не бил во послаба состојба“, порача Нетанјаху, додавајќи дека Израел нема намера да сопре додека не се обезбеди целосна безбедност за својата држава.
