НЕТАЊАХУ: ИРАН ЌЕ ДОБИЕ СИЛЕН УДАР АКО СЕ ОСМЕЛИ ДА НЀ НАПАДНЕ
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Израел ќе удри „решително“ доколку Иран се осмели да ја нападне еврејската држава, пренесоа АФП и Ројтерс.
„Секој што ќе нè нападне ќе добие одлучувачки удар“, рече Нетанјаху на конференцијата во Ерусалим, откако Иран нападна бази со американски трупи во Ирак, како одговор на атентатот врз генералот Касем Солејмани.
Израелскиот лидер го опиша Солејмани како „голем терорист“.
Тој рече дека Израел ја поддржува одлуката на претседателот Доналд Трамп за ликвидација на иранскиот генерал, објаснувајќи дека на Трамп треба да му се честита за „брзата, смела и одлучувачка“ акција.

