| |

Невладини организации на македонски Бугари од РС Македонија со осуда за срамниот говор на омраза кон Бугарите и Бугарија на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија во Скопје

Претставници на 10 граѓански здруженија на граѓани на РС Македонија, со бугарска национална самосвест, испратија писмо со осуда за случувањата на фудбалскиот натпревар меѓу Република Северна Македонија и Бугарија кој се одржа на 26. 09. 2022 година во Скопје.

Писмото на неколкуте невладини организации на македонски Бугари е упатено до македонскиот државен врв, бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот на бугарската влада, министерот за надворешни работи на Бугарија, амбасадорот на ЕУ во РС Македонија, амбасадорите на Бугарија, Чешка, Германија, САД, Франција во РС Македонија, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Хелсиншкиот комитет за човекови права во РС Македонија и политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

„Како позитивен преседан го цениме фактот што Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го осуди говорот на омраза што го користеше мнозинството од публиката на фудбалскиот натпревар меѓу Република Северна Македонија и Бугарија. Истовремено, нагласуваме дека „политичката елита“ во РСМ е жртва на сопствениот „успех“ во создавањето атмосфера на нетрпеливост кон нас, луѓето со бугарска самосвест во Република Северна Македонија и Бугарија во целина.

Како граѓани на Република Северна Македонија, ги повикуваме одговорните институции во државата – Претседателот, Владата, Парламентот, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител, невладиниот сектор (Хелсиншки комитет за човекови права ) категорично да ги осудат сквернавењето на бугарската химна и говорот на омраза против Бугарија и Бугарите“, стои во писмото на претставниците на невладините организации на македонските Бугари.

Тие повикуваат претставниците на ЕУ, како и амбасадите на земјите членки на ЕУ, ОБСЕ, Советот на Европа и меѓународните партнери да обрнат внимание на „демонстрацијата на говор на омраза против земја членка на ЕУ, кон која Република Северна Македонија декларативно сака да се приклучи“.

„Воедно и како граѓани на ЕУ, овојпат очекуваме претставниците на ЕУ, како и амбасадите на земјите членки на ЕУ, ОБСЕ, Советот на Европа и меѓународните партнери да не замижуваат пред уште една демонстрација на говор на омраза против земја членка на ЕУ, кон која Република Северна Македонија декларативно сака да се приклучи. Оставаме на почитуваните дипломати да проценат колку манифестациите и во поширок контекст севкупниот амбиент во кој живееме ние македонските Бугари се вклопуваат во вредностите на кои се заснова ЕУ.

Се надеваме дека настаните на фудбалскиот натпревар меѓу Република Северна Македонија и Бугарија конечно ќе придонесат меѓународните партнери да го разберат секојдневниот живот во кој живееме ние и нашите предци по 1944 година и бруталниот притисок со премолчена согласност (еуфемизам за последователните официјални директиви за прогон на Бугарите во земјата) на сите владејачки гарнитури во Република Северна Македонија, против оние кои се охрабриле да се декларираат како Бугари. Ова за нас е секојдневие, а тоа што многу мал број луѓе собираат храброст отворено и јасно да го истакнат своето бугарско потекло, воопшто не треба да нè изненадува. Одредени политичари, јавни личности и публицисти во Република Северна Македонија се обидуваат целата вина за актуелната ситуација да ја префрлат на Бугарија и на бугарските политичари, но немаат одговор на прашањето што тие самите како влијателни личности во земјата, направија за да се намали капацитетот и интензитетот на јазикот на омраза кон нас како граѓани на Република Северна Македонија со бугарска национална самосвест, Бугарите како народ и Бугарија како држава?!“.

Според нив алармантен е фактот што меѓу најгласните навивачи биле претставници на помладата генерација на РС Македонија, што според потписниците на писмото ,,уште еднаш ја покажува потребата од промена на наставните програми на РС Македонија поврзани со предметот историја”.

„Посебно алармантен е податокот дека меѓу најгласните навивачи беа претставници на помладата генерација во Република Северна Македонија, што уште еднаш ја покажува потребата од промена на наставните програми на Република Северна Македонија поврзани со предметот историја, врз основа на препораките на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и се разбира, врз основа на историските факти и историските извори и документи“, стои во писмото.

Претставниците на невладините организации, потписници на писмото, подвлекуваат дека се лојални граѓани на РС Македонија, кои живеат во земјата, плаќаат даноци, работат овде и заслужуваат да бидат третирани како нормални луѓе.

„Фудбалскиот натпревар меѓу Република Северна Македонија и Бугарија, што од спортски настан се претвори во демонстрација против земја членка на ЕУ и против нас, македонските Бугари, е јасен доказ за демократскиот дефицит во РСМ, а тоа ги прави промените во Уставот на земјата, со кои ќе се гарантираат нашите човекови права повеќе од потребни. Ние сме лојални граѓани на Република Северна Македонија, живееме овде, работиме овде, плаќаме даноци овде и заслужуваме да бидеме третирани како нормални луѓе, а не како некакви ѕверови кои сакаат да земат нешто од некого“, се вели во писмото на претставниците на невладините организации.

Писмото на 10-те невладини организации на македонски државјани со бугарска национална самосвест ви го пренесуваме во целост.

До:

Претседателот на Република Северна Македонија, г-н Стево Пендаровски

Претседателот на Република Бугарија , г-н Румен Радев

Претседателот на Влада на Република Северна Македонија , г-н Димитар Ковачевски

Претседателот на Владата на Република Бугарија, г-н Г’л’б Донев

Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија , г-н Талат Џафери

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија , г-н Бујар Османи

Министерот за надворешни работи на Република Бугарија, г-н Николај Милков

Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија Н.е. г-н Дејвид Гир

Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија Н.е г-н Ангел Ангелов

Амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Н.е. г-н Јарослав Лудва

Амбасадорката на Германија во Република Северна Македонија Н.е. г-ѓа Анке Холштајн

Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Н.е. г-ѓа Кејт Мари Брнз

Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија Н.е. г-н Сирил Бомгартнер

Комисија за спречување и заштита од дискриминација

Хелсиншки комитет за човекови права

Социјалдемократски сојуз на Република Северна Македонија

Внатрешна македонска револуционерна организација -Демократска партија за македонско национално единство

Партија Левица

Почитувани,

Ние, долупотпишаните претставници на неколку невладини организации на граѓани на Република Северна Македонија со бугарска национална самосвест, категорично го осудуваме како неприфатливо она што се случи на фудбалскиот натпревар меѓу Република Северна Македонија и Бугарија.

Како позитивен преседан го цениме фактот што Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го осуди говорот на омраза што го користеше мнозинството од публиката на фудбалскиот натпревар меѓу Република Северна Македонија и Бугарија. Истовремено, нагласуваме дека „политичката елита“ во РСМ е жртва на сопствениот „успех“ во создавањето атмосфера на нетрпеливост кон нас, луѓето со бугарска самосвест во Република Северна Македонија и Бугарија во целина.

Како граѓани на Република Северна Македонија, ги повикуваме одговорните институции во државата – Претседателот, Владата, Парламентот, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител, невладиниот сектор (Хелсиншки комитет за човекови права ) категорично да ги осудат сквернавењето на бугарската химна и говорот на омраза против Бугарија и Бугарите.

Воедно и како граѓани на ЕУ, овојпат очекуваме претставниците на ЕУ, како и амбасадите на земјите членки на ЕУ, ОБСЕ, Советот на Европа и меѓународните партнери да не замижуваат пред уште една демонстрација на говор на омраза против земја членка на ЕУ, кон која Република Северна Македонија декларативно сака да се приклучи. Оставаме на почитуваните дипломати да проценат колку манифестациите и во поширок контекст севкупниот амбиент во кој живееме ние македонските Бугари се вклопуваат во вредностите на кои се заснова ЕУ.

Се надеваме дека настаните на фудбалскиот натпревар меѓу Република Северна Македонија и Бугарија конечно ќе придонесат меѓународните партнери да го разберат секојдневниот живот во кој живееме ние и нашите предци по 1944 година и бруталниот притисок со премолчена согласност (еуфемизам за последователните официјални директиви за прогон на Бугарите во земјата) на сите владејачки гарнитури во Република Северна Македонија, против оние кои се охрабриле да се декларираат како Бугари. Ова за нас е секојдневие, а тоа што многу мал број луѓе собираат храброст отворено и јасно да го истакнат своето бугарско потекло, воопшто не треба да нè изненадува. Одредени политичари, јавни личности и публицисти во Република Северна Македонија се обидуваат целата вина за актуелната ситуација да ја префрлат на Бугарија и на бугарските политичари, но немаат одговор на прашањето што тие самите како влијателни личности во земјата, направија за да се намали капацитетот и интензитетот на јазикот на омраза кон нас како граѓани на Република Северна Македонија со бугарска национална самосвест, Бугарите како народ и Бугарија како држава?!

Посебно алармантен е податокот дека меѓу најгласните навивачи беа претставници на помладата генерација во Република Северна Македонија, што уште еднаш ја покажува потребата од промена на наставните програми на Република Северна Македонија поврзани со предметот историја, врз основа на препораките на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и се разбира, врз основа на историските факти и историските извори и документи. Фудбалскиот натпревар меѓу Република Северна Македонија и Бугарија, што од спортски настан се претвори во демонстрација против земја членка на ЕУ и против нас, македонските Бугари, е јасен доказ за демократскиот дефицит во РСМ, а тоа ги прави промените во Уставот на земјата, со кои ќе се гарантираат нашите човекови права повеќе од потребни. Ние сме лојални граѓани на Република Северна Македонија, живееме овде, работиме овде, плаќаме даноци овде и заслужуваме да бидеме третирани како нормални луѓе, а не како некакви ѕверови кои сакаат да земат нешто од некого.

Со почит:

Добре Митрев, Македонско-бугарско пријателство- Скопје

Ѓорѓи Трендафилов, Македонско-бугарско пријателство-Скопје

Петар Колев, Македонско-бугарско пријателство-Скопје

Љупчо Куртелов, Балкански хоризонти-Охрид

Љупчо Ѓоргиевски, Културен центар Иван Михајлов-Битола

Владимир Перев, Коридор 8- Скопје

Томе Блажевски, Цар Борис III- Охрид

Елизабета Најдоска Величкова- Трибуна- Прилеп

Маринела Петревска- Здружение за ,, Македонско-Бугарско пријателство” Битола

Игор Билбиловски, Интеракција-Охрид

Столе Велков, Фондација Единство- Кочани

и Здружение Дело-Скопје



Слични Објави