| |

Јотова: Гласав за функционален парламент и силна влада со влијателен глас меѓу европските партнери

„Гласав за да има наскоро функционален парламент, брзо да се избере неговото раководство и да има силна влада, бидејќи проблемите не чекаат“, изјави пред медиумите бугарската претседателка Илијана Јотова, откако гласаше во Софија, јавува БТА.

Таа нагласи дека е неопходен редовен буџет, бидејќи „цели системи во моментов заостануваат“, и повика на мерки за подобрување на приходите на најранливите категории. „Гласав за економски развиена и високотехнолошка Бугарија, но и за грижа за најранливите луѓе“, додаде Јотова.

Според неа, владата треба да има „силен и влијателен глас меѓу европските партнери“, а земјата треба заеднички да излезе од кризата.

Јотова изрази очекување за висока излезност и ги повика граѓаните масовно да гласаат.

Слични Објави