Неврокопскиот ансамбл за народни песни и ора настапи на 64. Балкански фестивал на народни песни и ора во Охрид
Неврокопскиот ансамбл за народни песни и ора од Република Бугарија учествуваше на 64. Балкански фестивал на народни песни и ора, кој се одржа во Охрид од 3 до 7 јули 2025 година, јавува Пиринско. Настанот, организиран од Центарот за култура „Григор Прличев“, претставува едно од најстарите и најпрестижни фолклорни случувања на Балканот.
По покана на организаторите, ансамблот одржа самостоен концерт во втората фестивалска вечер, кој предизвика голем интерес и ја воодушеви бројната публика со богатата програма од автентични бугарски песни и ора.
Во рамките на првиот фестивалски ден, членовите на ансамблот учествуваа во свеченото дефиле низ централното градско подрачје, како и на официјалното отворање на фестивалот, на кое настапи Националниот ансамбл за народни песни и ора на Република Северна Македонија „Танец“.
Од бугарска страна, гости на фестивалот беа претседателот на Народното читалиште „Просвета-1865“, Костадин Кобаков, и секретарот Георги Мишев.

