|

Никола Благоев: „Потеклото и карактерот на државата на цар Самоил“

Извор: Библиотека Струмски

„…За прашањето да биде колку што е можно појасно, ние најнапред ќе ги карактеризираме изворите и ќе ја посочиме литературата, а потоа по ред ќе зборуваме за различните теории за создавањето на државата на царот Самоил, за потеклото на царот Самоил, за потеклото на неговата држава, за нејзиниот карактер, за причините за нејзиното покорување од страна на Византијците и, најпосле, ќе завршиме со краток заклучок…

…И така, кон крајот на X и почетокот на XI век, односно во времето на царот Самоил, веќе била создадена бугарската народност, а сите јужни Словени што влегувале во составот на бугарската држава на цар Самоил претставувале една национална целина и се нарекувале Бугари. Сосема исправно е мислењето на српскиот историчар Прокиќ, кој вели дека, доколку византискиот император Василиј II не успеал да ја уништи државата на цар Самоил, денес на Балканскиот Полуостров ќе имало само една држава — бугарска, и само еден народ — бугарски.

За развојот и зацврстувањето на бугарската национална свест кај јужните Словени многу придонеле и долгогодишните војни на царот Роман и царот Самоил против Византија, во кои тие, а особено македонските и моравските Словени, зеле мошне големо учество и поднеле огромни материјални и човечки жртви. Во времето на царот Самоил не само што јужните Словени самите се нарекувале и се чувствувале како Бугари, туку и византиските историчари Јован Скилица, Георги Кедрин, Јован Зонара, Кекавмен и Михаил Аталијат, византискиот император Василиј II и целиот византиски народ ги сметале и ги нарекувале Бугари.

Арапските историчари Јахја Антиохиски и Ал-Макин, ерменските Асохик и Чамчјан, како и латинските Адемар, Вилхелм Тирски и Дукљанскиот свештеник, исто така ги сметале и ги нарекувале жителите на државата на царот Самоил Бугари. Сите овие историчари, како и византискиот император и византискиот народ, кои државата на цар Самоил ја сметале и ја нарекувале бугарска, Самоил го нарекувале бугарски цар, а неговите поданици Бугари, без сомнение биле мошне добро запознаени со националната свест и политичките убедувања на своите современици Бугари.

И така, државата на цар Самуил не само според своето потекло, туку и според својот карактер била бугарска и била една и иста држава со државата на цар Петар.“

Никола Благоев од с. Ракита, Кајларско, Егејска Македонија — „Потеклото и карактерот на државата на цар Самоил“, Софија, 1925 г.



Слични Објави