Никола Цолов победи во трката за Големата награда на Монако во Формула 2
Бугарскиот возач Никола Цолов триумфираше на главната трка од Големата награда на Монако во Формула 2, остварувајќи ја својата трета победа сезонава. Тој стартуваше од втората позиција и по успешната стратегија во боксот ја презеде водечката позиција, која ја задржа до крајот на трката, јавува БГНЕС.
„Неверојатно чувство е да победиш трипати во низа во Монако. Денеска се борев до самиот крај. Темпото на Рафа беше многу добро, но нашата стратегија во боксот функционираше. Најдоброто чувство на светот, а уште поубаво е сега во Формула 2“, изјави Цолов по победата.
Ова е негова трета победа во низа во Монако, по двата триумфа во Формула 3 минатата сезона. Со освоените 26 поени и бодот за најбрз круг, Цолов се искачи на второто место во генералниот пласман со 62 поени, само еден помалку од лидерот Габриеле Мини. Следната трка од шампионатот ќе се одржи во Барселона.

