|

(Фото) Аврамов го цитира Михајлов: Идеалот за Македонија никогаш не бил Југославија

Проф. д-р Спас Ташев објави дел од говорот на големиот револуционер и близок соработник на Иван Михајлов- Асен Аврамов одржан на конгресот на МПО во 1958 г. Во тој говор Аврамов го цитира Михајлов кој вели дека „идеалот за Македонија никогаш не бил Југославија“.

…Ставот на Иван Михајлов во однос на таканаречената „Народна Република“ Македонија во Југославија е сосема јасен: според него, тоа дело е комунистичко, или поточно србокомунистичко. Таа таканаречена „република“ не е ниту народна, ниту македонска. Идеалот за Македонија никогаш не бил Југославија. И гледаме дека Белград е таму, и само таму, токму со таа цел. Задачата на Белград останува единствена и непроменета – бришење на секоја бугарска трага во овој крај…

Го имам слушано Михајлов како објаснува: „Ние не се бориме заради некаква политичка формула – автономија, независност, федерација или конфедерација. Која и да е од државните формули, тие треба да им служат и да го гарантираат опстанокот на народностите. Но ако која било од нив, дури и формулата на независна македонска држава, ја осудува на уништување нашата бугарска народност, или која било друга народност во Македонија, тогаш треба да се запрашаме каква полза има од независна Македонија.“

Михајлов вели дека политичките формули и решенија треба да им служат на народностите, но во никој случај народностите не смеат да бидат жртвувани за која било политичка формула.

На оваа позиција стои Иван Михајлов и со решителност го насочува кормилото на ослободителното движење. Еден ден светот ќе остане изненаден кога ќе разбере колку жртви поднел нашиот народ по Втората светска војна во борбата за слободата…

Целиот говор на Асен Аврамов можете да го прочитате овде:

Говорот на Асен Аврамов на конгресот на МПО во 1958 г.


Слични Објави