| |

НИКОЛОСКИ ТВРДИ ДЕКА СО СДСМ ИМАЛЕ ДОГОВОР ЗА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ ДА ПРЕГОВАРААТ ПО ИЗБОРИТЕ

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака да протурка решенија во парламентот без претходна дебата и без спротивставување на аргументите, оцени денеска на прес-конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој обвини дека премиерот Зоран Заев и СДСМ не се искрени кога вината ја насочуваат кон опозицијата и нагласи дека досега не се случило да се менува изборен модел без консензус.

Николоски рече дека во изминатите неколку месеци постоела интензивна комуникација на неформално ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, која имала за цел изнаоѓање на консензус по однос на изборниот модел.

На овие средби, како што тврди Николоски, било заклучено дека нема доволно време за имплементација на нов изборен модел, како и дека за ваква промена потребни се широки општествени и политички дебати и консензус.

Извор: Макфакс



Слични Објави