СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА УТРОВО ГО РАЗБУДИ ЗАГРЕБ, ГРАЃАНИТЕ МИСЛЕЛЕ ДЕКА Е ЗЕМЈОТРЕС
Утрово околу четири часот дошло до експлозија во Нов Загреб, објави хрватски Индекс.
Според полициајта станува збор за детонација на непозната експлозивна направа поставена покрај кафуле во улицата Божидар Маговиќ 109.
Оштетен е угостителски објект и два прозорци од стан во близина. Неофицијално, хрватските медиуми дознаваат дека причина за експлозијата не е гас.
Нема повредени, а истрагата е во тек.
Очевидци јавуваат дека експлозијата била страотна и дека луѓето вознемирени излегле на улица. Веднаш дошла полиција и противпожарната служба која интервенирала.
Дел од луѓето кои живеат во населбата Травно мислеле дека станува збор за земјотрес, а таква информација е објавена на профилот на Твитер на сервисот ЕМСЦ кој ги следи потресите во целиот свет.