Николоски: Виктор Димовски и Оливер Спасовски треба да понесат одговорност за давањето државјанство на Онишченко, тој е на црна листа на САД и по него трага Украина

/

„Денешната прес конференција е поврзана со состојбите во Агенцијата за национална безбедност и министерството за внатрешни работи. Имено, Агенцијата за национална безбедност наместо државна институција е претворена во партиско приватна институција која е подредена за личните и партиски интереси.

Пред еден месец јавно истакнав дека АНБ се злоупотребува и дека се врши прислушкување и следење на врвот на опозицијата. На тоа нема никаков демант ниту реакција, напротив АНБ мистериозно знае кој каде оди и со кого комуницира од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме следени со месеци за тоа имаме кредибилни информации, а можеби и со години.

Најдобар доказ се пропустите во низа и затоа јасно велам – Законот за АНБ е добар, но имплементацијата е катастрофална.

Во однос на имплементацијата недостасуваат два клучни елементи – првиот е внатрешна контрола и вториот департизацијата преку тестирањето на полиграф на вработените во службата.

15 месеци не се спроведува членот 53 и членот 54 од Законот за АНБ. Со не именување на шеф на внатрешна контрола има отсуство на надзор врз мерките кои АНБ ги спроведува против опозицијата како и испитување на конкретни случаи како оној со Онишченко.

Кој сега во отсуство на шеф на внатрешна контрола ќе изготви вонреден извештај за пропустите во вршењето на безбедносната проверка? Да ве потсетам дека така почнува судирот во безбедносните служби, кога СДСМ реши да не направи кворум на својот директор Виктор Димовски на седницата за контрола на работата на АНБ и АР, кога требаше да се избере директор за внатрешна контрола. Затоа што веројатно клановите во рамки на СДСМ, кои што сакаат да ја контролираат АНБ не можеа да се договорат помеѓу себе. И така АНБ 14 месеци нема директор за внатрешна контрола и никој не го спроведува контролирањето во АНБ иако тоа е клучен сегмент и не случајно собраниската комисија дава дозвола за предлогот.

Три години Димовски не го спроведува и членот 67 став 1 алинеја 7 кој се однесува на задолжително полиграфско тестирање врз вработените во АНБ што е основен законски услов да се стекне работен однос во службата. 3 години нема одговор колку од 381 вработен во АНБ поминале полиграфско тестирање за проверка на професионалниот интегритет, а колку се покажале недостојни за вршење на службата заради негативен полиграф.

А, овие денови АНБ и Виктор Димовски приредуваат уште еден скандал со бегалецот Онишченко.

Виктор Димовски и Оливер Спасовски треба да понесат одговорност за давањето на Македонско државјанство на белосветскиот криминалец – Украинецот Онишченко, кој е на црна листа на САД, а по кој официјално трага и Украина.



Никакви суспензии на службеници не може да ја тргнат вината од Спасовски и Димовски.

Покрај тоа што Онишченко е на црна листа на САД, тој е и лице по кое има потерница од страна на Украина, имено на веб сајтот на МВР на Украина стои името и податоците токму на ова лице.

Овие податоци морало да бидат проверени од АНБ и МВР.

И Спасовски не може да избега од одговорност, исто како што не може да избега од одговорност за издадените пасоши на Шкаљарците, Седат Пекер и редица други белосветски криминалци кои што гледаме се убиваат помеѓу себе со македонски пасоши.

Очигледно Оливер Спасовски преферира лица кои се на црната листа на САД за бизнис соработка, како што е големиот скандал кој што го изнесов во јавноста за соработка со фирмата „Инфинити“ на синот на Додик.

Оливер Спасовски како Министер за внатрешни работи директно ја загрозува нашата, но и безбедноста на нашите сојузници од НАТО и ЕУ.

Спасовски не може да бега од одговорност.

Очекуваме институциите да реагираат со одземање на државјанството на Онишченко, а Спасовски и Димовски да поднесат оставка. Не може Македонските безбедносни служби наместо за сузбивање на криминалот, заштита на уставно правниот поредок на Македонија да се користат за поддршка и логистика на белосветски мафијаши“ изјави на денешната прес-конференција Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

Колева: Во март ново зголемување на минималната плата и покачување на пензиите

Следна статија

Таравари: Нема преговори за влез во Владата

Најново од Вести