Во Македонија 464 нови случаи на коронавирус, 23 лица починаа

/

Во последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, а регистрирани се 464 нови случаи на коронавирус, информира Министерството за здравство.

Регистрирани сe 435 оздравени пациенти, а пријавени се 23 починати лица: 11 починати лица од Скопје (47г, 55г, 61г, 78г, 78г, 79г, 79г, 81г, 81г, 81г и 83г), по 3 починати лица од Охрид (40г, 68г и 75г) и Струга (45г, 67г и 77г), 2 починати лица од Велес (60г и 73г) и по едно починато лице од Тетово (62г), Куманово (54г), Кичево (72г) и Македонски Брод (73г).

Од пријавените 21 лице е починато во болнички услови и 2 се починати во домашни услови.



Досега во земјата се направени вкупно 1.223.054 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.

Претходна статија

СДСМ: Мицкоски не го знае Уставот, очигледно не му кажале какви се процедурите за оставки и разрешувања

Следна статија

Кај Пендаровски утре седница на Советот за безбедност

Најново од Вести