| |

Николов до Вучиќ: Претседателе знам дека ме прислушкувате 25 години деноноќно, важно е тоа што прашањата ве погодија „во џигер“

Првиот човек на бугарскиот Културно-информативен центар во Босилеград Иван Николов преку социjалната мрежа Facebook му се обрати на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ. Во објавата Николов вели дека за него не е ништо ново фактот што е прислушкуван од српските безбедносни служби деноноќно во последните 25 години.

„Господине претседателе, тоа што ме прислушувавте деноноќно повеќе од 25 години, не е ништо ново за мене. Освен тоа, никогаш ништо не сум криел – што и да мислам, јавно го зборувам и го пишувам. Важно е тоа што прашањата ве погодија право „во џигерот“ и тоа се случи пред целата бугарска јавност, за да ја разоткриете тоталитарната природа на државата што ја водите и тоа дека го прислушувате секој телефон на луѓе кои само сакаат да живеат нормално. Верувајте, тоа воопшто не функционира за добрососедските односи со Бугарија и членството на Србија во ЕУ. И второ, во Вашиот гнев, Вие самиот ја разоткривте шпионската мрежа која има задача да ме прислушкува“, стои во објавата на Николов.

Потсетуваме дека вчера српскиот претседател Александар Вучиќ за време на неговата посета на Бугарија употреби остар тон кон агенцијата БГНЕС, велејќи дека следи се во Босилеград и Ниш и е свесен со кого комуницираат новинарите.

На новинарско прашање како населението во Босилеград драстично се намалило за една четвртина за само 10 години и за тамошните еколошки проблеми, Вучиќ иритирано реагира: „Сфатив се. Знам сè. Знам и кој ви рекол да ме прашате ова. Добро следам кој е од Ниш, кој е од Босилеград и кој е од тамошниот Културно-информативен центар“.

Од овој одговор може да се заклучи дека комуникацијата со Бугарите од Западните покраини, вклучително и со Културно-информативниот центар во Босилеград, ја следат српските служби и тие го информирале Вучиќ за разговорите помеѓу БГНЕС и КИЦ-Босилеград пред посета, се вели во написот на агенцијата.

Слични Објави