| |

ПРОФИТ НА ПРИВАТНИТЕ КЛИНИКИ ЗА КОВИД ТЕСТОВИ – ЗА ЕДЕН ТЕСТ СЕ ПЛАЌА ОД 2600 ДО 6000 ДЕНАРИ

За тестирање во државните лаборатории граѓаните чекаат со денови, па поради тоа често пати одлучуваат да се тестираат приватно. Само вчера од направените 2667 тестови, 1301 или поточно половина се направени во приватните лаборатории. Таму цените се движат од 2600 до 6 000 денари.

Систина 2700 денари

Жан Митрев од 6000 и 3950 денари

Ремедика 3500 денари

Синлаб 3950 денари

Биотек 2600 денари

Авицена 3000 денари

Од почетокот на пандемијата досега приватно се направени 114 илјади тестови од вкупно 238 илјади на ниво на држава. Ако средната цена еден тест е најмалку 3 000 денари, тогаш граѓаните за приватно тестирање потрошиле 5 557 268 евра.

Извор: ТВ21



Слични Објави