|

Николовски – Гечев: Ја унапредуваме соработката во земјоделството меѓу Северна Македонија и Бугарија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска одржа работна средба со министерот за земјоделство на Република Бугарија, Јавор Гечев.

Двајцата министри истакнаа дека денешната работна средбата помеѓу двете министерства е показател, за заедничко унапредување на соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија во областа на земјоделството.

„Утрово имавме билатерална средба со министерот за земјоделство на Република Бугарија Јавор Гечев. Разговаравме за зајакнување на меѓусебната размена на земјоделско прехранбените производи на пазарите во двете држави, особено во услови на светска криза, како и зајакнување на меѓусебната соработка и заедничко унапредување на соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија во областа на земјоделството“, напиша министерот Николовски на својата официјална facebook страна.

Меѓусебната соработка е потврдена и зајакната преку потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу двете министерства, за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралниот развој и шумарството. Овој Меморандум беше потпишан на 25 јануари 2022 година, за време на втората заедничка седница меѓу владите, која се одржа во Софија.

Слични Објави