Нимиц на средби со државниот и политичкиот врв

//

Посредникот во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН, Метју Нимиц денеска ќе има официални средби со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Првата средба на Нимиц, кој од Атина во Скопје пристигна вчера претпладне, ќе биде со претседателот Иванов во 10 часот.

Посредникот вчера по пристигнувањето во Скопје изрази оптимизам.



– Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и со другите лидери – рече Нимиц.

Извор: Мета

Претходна статија

Добрососедство: Двоен интерес на бугарскиот бизнис кон Македонија

Следна статија

Приходите на руските компании во Македонија пораснале за четири пати од 2006 до 2015 година

Најново од Вести