НОВ БРАН ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА- ЦРНИ ЕЛЕЦИ БАРААТ ИСТИ ПРАВА ЗА ИЛЕГАЛНИТЕ МИГРАНТИ И ФРАНЦУЗИТЕ

Полицијата во Париз вчера уапси 37 лица за време на протест на илегални мигранти кои бараат да им бидат одобрени дозволи за престој.

Дел од демонстрантите себе си се нарекуваат „црни елеци“, а еден од нив наведува дека власта треба да ги регулира нивните документи, барајќи да имаат исти права како Французите.