Заедничкиот став на подружниците на СНС, СПС и СПЦ*
Ивон Величковски
“Агатангел само го соопшти заедничкиот став на подружниците на СНС, СПС и СПЦ во Скопје (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, МПЦ).
Преспанскиот договор пречи бидејќи со него Северна Македонија е НАТО-вска и европска држава, а не прокси на „рускиот“ припаѓајќи му на „српскиот свет“.
Колумната на Станковски е очекувана: ѕвездата на Вучиќ бледнее, Путиновата игранка на Балканот оди се потешко, „српскиот свет“ е прочитан прокси на „рускиот“, а скопскиот лажен граѓанизам и либерализам се распаѓаат заедно со својот белградски пример.
Заедно со Преспанскиот пречат сите договори: за добрососедски односи и соработка со Бугарија и Рамковниот договор.
Овие документи всушност се основата за постигање на Преспанскиот договор, со кој „бившата југословенска Република Македонија“ стана упатена на соработка со Брисел.
Затоа, заедно со Преспанскиот договор пречат и сите напори сметају и сви напори православната црква во Северна Македонија да добие вистински Томос за автокефалност, а не овој црковно-бјрмовскиот.
(До сега) неуспешниот продор на Светосавјето со т.н. Томос за автокефалност на МПЦ-ОА од СПЦ не значи дека СПЦ се одрекнала од супремација над МПЦ и (дел) од нејзиниот имот – таа можност останува отворена се додека Охридската Архиепископија нема вистински Томос за автокефалност од страна на Вселенската Патријаршија.
Правецот на подреденост е јасен: Српската на Руската православна црква, МПЦ-ОА на Српската православна црква.
Станковски барем имаше одважност со својата колумна вчера да го соопшти својот став.
Сите останати, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, нивните коалициони парнери, МПЦ… со молчењето на (партиските) раководства – сметаат дека се полукави и се надеваат дека тој ќе биде доволен да створи бран на кој сите би јавале уште триесетина години.
Не, неговото „послание“ е вчерашна вест.
Пораката нему и на неговите истомисленици во Синодот во Скопје гласи: „Божјото на Бог, царевото на царот“.
Тргнете ги мантиите и ајде на избори – вие со вашата, ние со нашата политика.
Партиско-политичкото дејствување на црковните функционери – во секуларна држава не е дозволено и нема да биде.
Отвореното барање на Агатангел за поништување на Преспанскиот договор за нас, Македонците, е уште еден проѕирен обид за лансирање тема што би требало да ја забавува јавноста уште неколку дена.
Прво ловиме дивоградби, сега „го поништуваме Преспанскиот договор“ – се само да се тргне срамот од Владата и ВМРО-ДПМНЕ (и СДСМ) по дебаклот со „лобираните амандмани“ во Европскиот Парламент и нивната заедничка надворешна политика.
Амандмани кои всушност целеа на “реантиквизација” и го загрозуваа – Преспанскиот договор.
Но молчењето на партиите на ова мешање на црковни лица во државната политика е вистинската тема и за нас – и особено за западните дипломати во Скопје.
Како тоа „секуларистичките“ партии одгледувани од страна на сите можни „Конрад Аденауер“, „Фридрих Еберт“, „ИРИ“, „НДИ“ и останати штифтунзи и институти – молчат пред овој вид отворено мешање на црковен функционар у политиката и меѓународните договори на секуларната држава?
Православно-исламистичката соработка во СФРЈ беше највидлива во Македонија, Србија, Косово, се до БиХ.
Со таа премолчана соработка практично е збришана римокатоличката заедница на подручјето на Призренско-скопската бискупија (со иселување или минимизирање), православието (под плаштот на Светосавието) стана образец на етнофилитизмот по примерот на СПЦ и зависноста на Македонците од припадноста на „српскиот свет“ у пост-СФРЈ Западниот Балкан (истиот рецепт е применет во Црна Гора), а исламот повторно стана средство за деетнизирање на Албанците, Бошњаците… во Западниот Балкан.
Оттука, вчерашната политизација на МПЦ-ОА не е случајна, туку е најава за нова инструментализација на религиозните заедници. Во РСМ и воопшто на (Западниот) Балкан.
Имајќи ја предвид врската на православните цркви во Србија и Северна Македонија подредени на блискиот соработник на Путин, Московскиот патријарх Кирил, не е изненадување ниту „екскурзијата“ на Синодот на МПЦ со „Американската православна црква“.
Одработувачите на одработувачите отидоа подалеку од Порфириј: Битно дистанцата од Вселенската Патријаршија да се одржи.
Доколку раководствата на политичките страни ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и нивните коалициони парнеро заедно со МПЦ не се дистанцираат од пишувањето на Агатангел во текот на денешниот ден – значи дека се сложуваат со његовата колумна. И тоа го одработуваат.
Ако ја прифатат оваа реакција и денес јавно изразат дистанца и осуда на колумната на Агатангел – не прифаќаат предизвик, туку се држат до принципите и каноните, адекватно на својата општествена и уставна позиција.
Се’ се плашам дека молчењето ќе продолжи – и со тоа подривањето на државата Северна Македонија, нејзината нација и со самото тоа – македонскиот народ.
*Насловот е на редакцијата

