|

Одбележуваме 80 години од убиството на истакнатиот публицист и припадник на ВМРО Јордан Бадев

На 20 септември 1944 г. без суд и пресуда во Софиja е убиен Јордан Бадев, припадник на ВМРО, истакнат литературен критичар, публицист и новинар. Станува жртва на комунистичката диктатура во Бугарија заради својата патриотска дејност. Роден е на 25-ти февруари 1888 г.во Битола. Бил ученик на Даме Груев во битолската Бугарска гимназија, а потоа студира словенска филологија во Софискиот универзитет. На универзитетот во Лозана завршува филологија. Се враќа во Битола и работи како учител. Во 1911 г. Бадев ја подкрепува иницијативата за создавање на легална политичка партија на Бугарите во Османската империја. После Балканските војни се населува во Бугарија и станува учител во Софија. Член уредник е на Македонскиот научен институт. Учествува во Првата светска војна и носител е на ордени за заслуга и храброст. Започнува да се занимава со литература и новинарство и пишува во списанието ЗЛАТОРОГ и во весникот ЗОРА. Ги редактира весниците НАРОДНОСТ и МИРГОРОД. Поддржува тесни контакти со раководителите на востановената после Првата светска војна ВМРО. По разделувањето на Организацијата на две крила тој е на страната на Иван Михајлов. Пишува во весникот МАКЕДОНИЈА. Во годините пред Втората светска војна е приврзеник на ориентација на Бугарија кон Третиот рајх, во кое тој гледа надеж за позитивно решавање на македонското прашање. Бадев е автор на неколку книги, многу статии, посветени на учесници во ослободителното движење. Тој е автор на подпишаната од ВМРО книга „Заговорот против Тодор Александров“.

“Даме Груев е роден 1871 г. во с. Смилево на околу 20-30 км. северозападно од Битола. Од сите села во блиската околија на Битола смилевчани се, без сомнение, најживи, најнапредни и најинтелигентни, речиси пограѓанчени. Собствените згради за живеење во селото се одликуваат по надворешниот вид и по внатрешната уредба со една рафинираност од гледиште на здравствени услови, кои ретко се наоѓаат воопшто во Бугарските села…

Од таква умна и убава по душевна и физичка градба и гиздава по надворешен вид средина произлезе највоодушевениот, најактивниот и најпрозорливиот од основачите на Бугарското ослободително движење во Македонија. Во надворешниот вид – високото чело, проникливите очи, белата и нежна кожа на Даме Груев – и неговите душевни склоности кон наука, кон култура, кон слобода и борба за слобода се одразени основните белези на семејната и обштествената средина, од која произлегува.

Од 80-тите години на XIX век во Смилево има Бугарско основно училиште. Даме завршува основно со одличен успех и неговите родители го праќат во битолската полугимназија. Груев чита жедно и проголтува се’ што се однесува до Бугарската историја и географија и во душата му се зародува и расте интерес, кој носи во себе зародиш на идниот народен апостол. Заминува во Солун каде што се запишува во Бугарската гимназија. Тука, во Солун, Груев наоѓа поудобни услови да ги рашири знаењата и да го задлабочи интересот кон судбината на Бугарскиот народ во минатото и сегашноста… Идниот револуционер од Македонија чита најусрдно, собира податоци и води енергични спорови за улогата на единствените и најличните апостоли на Бугарското ослободително движење – Раковски, Каравелов, Ботев, Левски, Бенковски и други.“

ДАМЕ ГРУЕВ, ЖИВОТ И ДЕЛО

“Русинот Скрјабин кој бил вицеконзул во 1884 г. ја именува Битола „клучот на Бугарштината“ во западна Македонија. Во најстаро време градот бил познат со името Хераклеа. Во времето на големата преселба на народите, во VII век во месностите при долното течение на р. Црна, во таканаречениот Керамисиски камп се населиле Бугари со својот кнез Кубер, во соседство со словенски племина Драговити и Брсјаци. Тие ја изградиле Битола постепено во сегашната положба.

До 1018 г. – паѓањето на Бугарија под Византија – Битола влегвала во пределите на Бугарското царство. Од Битолско, по стари историски сведоштва, Бугарскиот цар Самуил, одбирал голем дел од своите војски, а син му Гаврил Радомир имал и дворец во самиот град. И во византиското робство, по сведоштвата на некои историчари на крстоносните походи, како Роберт Ремски и Вилхелм Тирски – таа го запазила својот Бугарски карактер. Така Роберт Ремски, современик и историчар на првиот крстоносен поход – 1081 г. – значи 70 години после заробувањето кажува на едно место во својата хроника: „Стигнавме во Бугарска област во градовите Костур, Битола и др.“

Бугарскиот карактер на градот се запазува и покасно во турското владеење. Така знаменитиот историчар-географ Хаџи Калфа кој патувал во Македонија на два пати, пиши во својот патепис: „Од Цариград во Битола се оди преку Солун, Вардар, Воден за 15 дена. Жителите му се Бугари.

Уште во 1819 г. од Битола биле запишани помогачи за печатење на книгите на Јоаким Крчовски – првите книги напишани на прост и чист народен новобугарски јазик. Во 1860 г. кај битолските Бугари само тивко и скриено кипи непријателство кон фанариотите и желбата да се ослободат од нивниот јарем. Тој копнеж се изразува откриено и избива во крвопролевачки судири меѓу 60 и 70 години на минатиот век. И така многу нарастува тоа движење за самостојна просвета и црква и во 1912 г. во Битола имаше: 9 основни Бугарски училишта, 2 гимназии – машка и женска, едно свештеничко училиште со обшто околу 2000 ученици и 70 учители. Се разбира најсилни и највлијателни останаа тогаш Бугарските-еснафски здруженија.“

КЛУЧОТ НА БУГАРШТИНАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА – БИТОЛА



Слични Објави