ОД 5 ДО 12 ЈУЛИ –КУЛТУРНИ НАСТАНИ ВО КОЧАНИ

//

На 5 јули започнуваат настаните од манифестацијата „Петровденски конаци“, со која Кочани ќе го одбележи Петровден, Празникот на Општината.

Во програмата што заеднички ја организираат Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“ се влезени десет културни содржини од сценско-музичка, ликовна, литературнаи тетарска дејност, како и спортски настан – „Петровденскиот турнир во мал фудбал“.

Програмата ќе започне со концертот под наслов „Музика за флејта и пијано“ со флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ.

Во Ликовниот перформанс, на 6 јули, ќе учествуваат Божица Милојевиќ, Владимир Темков, Новица Трајковски, Љупка Галаска Василев, Игор Љубовчевски-Љубац и Гордана Винчич, уметници кои ќе творат по инспирација од Кочани.

Поетската вечер „На Јановден на конак“ ќе се одржи на 7 јули, а ќе биде проследена со етноизлагање на тема Јановденски обичаи, а во етностил ќе бидат и разговорите за празникот Петровден закажани за 9 јули што ќе ги води проф. д-р Зоранчо Малинов.

Своевиден куриозитет во програмата се двата музички настани: хип-хоп концертот на Чиста Околина, Токсилокози, Мартикс и ди-џеј Мастер Џи и концертот на составот Fighting Windmills, кој на 10 јули вечерта во Паркот на Револуцијата ќе понуди експериментален џез и пост-рок.

Театарската претстава „Пеликан“ во режија на Перо Даниловски ќе биде прикажана во вторник, на 10 јули, на сцената на Центарот за култура „Бели мугри“, а ден потоа на истата локација, е Духовната академија по повод Петровден на која ќе настапат црковен хор и етногрупата „Портал“.



По повод Петровден градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев организира прием за првенците на генрерацијата и за наградените ученици од општинските и средните училишта, а на 12 јули  Советот ќе ја одржи свечената седница на која ќе бидат доделени највисоките општински награди и признанија.

Програмата финансиски се реализира со средства од буџетот на Општина Кочани и од Центарот за култура „Бели мугри“.

 



Претходна статија

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАРАВАРИ ГО ПРИМИ СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР АДМИР МЕХМЕДИ

Следна статија

,,ТАНГО“ ПРЕМИЕРА НА ТЕТОВСКИ ТЕАТАР

Најново од Истакнато

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи