До утопјаните и сличните на нив
Facebook статус на Ели Секуловска
Синоќа го гледав Љупчо Ѓоргиевски во емисијата Коридор 8, неколку пати нагласи дека Македонците, денешните преподобни и чисти Македонци биле налутени затоа што Бугарија им ставила вето !!!
Ќе оделе со Србија. Па одете , доколку ве прими, секако , Протиќ најави дека не би правел нова Југослвија , два пати видовме како се распадна.
Повторно со финтите на Тито , нели?
Како што Тито им правеше финти на Американците , ако не ни дадете кредити, ние ќе се свртиме кон Русија . Да, тие 20 тина златни години по кои пекаат денешните преподобни Македонци , Југославија живееше од американски кредити, а не дека нешто ја бидуваше . Кога секнаа тие кредити почна да се распаѓа, да смрди исто како што смрди денес Македонија . Потоа, кога се осамостоивме, Утопјаните повторно урлаа по ЕУ дека ако не ги примеле светите Македонци, тие ќе се завртеле кон Русија! Сега урлаат дека ќе се свртеле кон БРИКС , ама и таму да се свртите треба да испорачате нешто, економска соработка, а и да има со кого да се разговара. Денес урлаат дека ќе се свртат кон Србија. Па одете , бре никој не ве брани, ама вистината да се каже .
Но, што правиме со тие луѓе кои беа судени, со македонската интелигенција сите убиени или судени како Бугари ?
Што правиме со одземените имоти и пари ?
Што правиме со историјата ? За повторно ќе лажирате?
Прво ги судеа како Бугари, поточно дека биле Бугари до 1944 година , потоа биле Македонци, потоа ги викаа Бугараши , а нивните претци на тие кои беа судени или убивани како Бугари, ги слават како Македонци !
Ова е луда какафонија , тотално откачена .

