Средба Денков- Зеленски: Благодарам на Бугарија за воената и политичката поддршка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретнал со бугарскиот премиер Николај Денков. Ова стана јасно од фотографија и објава на украинскиот претседател на неговиот официјален профил на Телеграм, јавува БГНЕС.
„Ѝ благодарам на Бугарија за воената и политичката поддршка. Имав добар разговор со премиерот Николај Денков на балканско-украинската средба“, напиша украинскиот претседател. Според изданието, двајцата разговарале за дополнителна соработка, безбедноста во Црното Море и обезбедување алтернативни коридори за испорака на жито.
Не е јасно кога точно се одржала средбата.

