Шпанската полиција запленила златни артефакти украдени од Украина- во операцијата помогнале и Бугарија и РС Македонија
Шпанската полиција соопшти дека запленила 11 златни артефакти во вкупна вредност од над 60 милиони евра, кои биле украдени и илегално извезени од Украина, јавува АФП, пренесува БНР. Артефактите, вклучувајќи ѓердани, нараквици и обетки, од голема историска и економска вредност биле изложени во музеј во Киев помеѓу 2009 и 2013 година и биле прошверцувани од Украина пред 2016 година, се вели во соопштението на полицијата.
Предметите датираат од 8 и 4 век п.н.е. Во рамките на операцијата, спроведена со помош на властите во Украина, Албанија, Бугарија, Кипар и Северна Македонија, беа уапсени тројца шпански и двајца украински државјани, од кои едниот свештеник на Православната црква.
