Фестивал на францускиот филм ќе се одржи во Софија, Пловдив, Варна и Благоевград
Фестивалот на францускиот филм 2026 ќе се одржи во Софија, Пловдив, Варна и Благоевград од 16 до 30 ноември 2026 година, соопшти Францускиот институт во Софија на својата страница на Фејсбук, пренесува БНР.
Програмата вклучува исклучително внимателно избрани филмови кои не поучуваат, туку го отфрлаат помирувањето со состојбите, велат организаторите.
Меѓу насловите во програмата се „Фантомот на операта“ на Александар Кастанети, „Битката на Де Гол: Времето на слободата“ на Антонен Бодри, копродукцијата „Минотаур“ на рускиот режисер Андреј Звјагинцев, романтичната комедија „Електричниот бакнеж“ на Пјер Салвадори, трилерот „Карма“ на Гијом Кане со Марион Котијар, драмата „Аферата Бојарски“ на Жан-Пол Саломе и други.
Фестивалот на францускиот филм се реализира во партнерство со Националниот дворец на културата (НДК), „Киноманија“ и други.
