| |

НИМИЦ: ПОСЛЕДИЦИ ПО ДВЕТЕ ДРЖАВИ АКО НЕ УСПЕЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Неприфаќањето и нестапувањето во сила на Договорот од Преспа би можело да има длабоки, па дури и опасни последици, оценува специјалниот посредник на ОН во спорот за името, Метју Нимиц, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Нов договор и „брзо решение“, ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе се повлечат и од многу прашања кои веќе се договорени. Тоа може да предизвика различни сценарија од кои некои ќе имаат и сериозни последици, вели Нимиц.

Извор: АлсатМ



Слични Објави