|

(Фото) Георги Баласчев: „Градот Охрид“ 1914 г.

На 4 октомври 1936 г. во Софија умира видниот историчар и археолог ГЕОРГИ ДИМИТРОВ БАЛАСЧЕВ. Роден е во Охрид 1868 г. Завршил Бугарска гимназија во Солун, а потоа студирал историја на Вишето училиште во Софија. Во 1898 г. завршил славистика на универзитетот во Виена. Се враќа во Бугарија и бил учител во гимназија. Покасно бил уредник на Народниот археолошки музеј. Бил активист во Младата македонска дружина и издавач на списанието „Лоза“. Бил главен уредник на научното списание „Минало“. Тој бил доброволец во Македоно-одринското ополчение во Бугарската војска за време на Балканските војни. Автор е на повеќе од 80 научни трудови и бил уредник на Македонскиот научен институт во Софија.

“Со пропаѓањето на источното Бугарско царство се издига западното со комитопулите: четирите синови на Бугарскиот велмож Никола и Рипсимија, кои живееле во областа Мокра на југозапад од Охрид, станват Бугарски цареви и цар Самуил ја избира крепоста Охрид за своја престолнина, така што изградува великолепни царски палати. Во тоа време се преместува во Охрид Бугарскиот патриарх Дамјан кој избегал од Силистра поради неговото завладување од Византија. Со тоа веќе градот Охрид станва седиште на политичкиот и духовниот живот на Бугарскиот народ. Но како политички центар не останва многу долго време, зашто и западното Бугарско царство било покорено од императорот Василиј II Бугароубиецот. Меѓутоа црковните привилегии дадени на Бугарскиот народ од Византија, го осигураа духовното значење на Охрид за Бугарите. Архиепископската автономна катедра во Охрид наречена уште и на Цела Бугарија послужи како стража за запазувањето со векови на Бугарското име низ Македонија. Охрид само посредно содејствувал на грчката култура, која во тие времиња свесно не се всадувала меѓу Бугарите, така што немало пропаганда во тој дух.

Во ХIIIвек во Охрид и околината се засилува словенската црковна книжнина. Тогаш се напишани Охридсиот апостол, Болонскиот псалтир во с. Рамне (охридско) Слънческиот апостол и редица други книжни паметници, кои сега се пазат во повеќе руски депозитари на книги. Сите тие се од Бугарски извод и се продолжение од постарата епоха. За да цвета градот Охрид низ таа епоха содејствувале многу околности така што продолжувал да функционира како престолнина на архиепископијата на Цела Бугарија. Византија за да го укроти ненаполно поробениот Бугарски народ во ХI век не посегнала на Охридскиот институт, патриаршијата, а се задоволила само да го понижи во архиепископија, така што се надевала дека преку своето духовенство да ја запази политичката власт над Бугарите. Србските владетели со својот народ стоеле во културен однос многу ниско и со страхопочит гледале на Охридската архиепископија. Патописците кои минувале низ Србија ја опишале како сосема бедна земја без култура. Охридските уметнички паметници служеле како образец на Србите цркви во ХIV век.

Фенерското робство и во Охрид било тежко и погрчувањето на жителите напредувало и тоа се налагало преку училиштата и трговијата. Но преродбата на Бугарскиот народ го спречил тој процес и во охридско најде жив изблик, благодарение на традицијата која беше запазена, дека Охрид беше престолнина на Бугарските цареви и престолнина на архиепископијата на Цела Бугарија. Борците од преродбата се служеа со тие два аргументи против Фенер.“

Градот Охрид 1914 г.



Слични Објави