Привремената амбасадорка на Србија во Софија беше повикана на разговор во бугарското МНР, заради пропагандната изложба во Белград насочена против Бугарија
Директорката на Дирекцијата „Југоисточна Европа“ на бугарското Министерство за надворешни работи, Вања Андреева разговораше привремената амбасадорка на Србија во Софија Славица Паниќ, во врска со отворената изложба на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, насловена „Злосторствата врз цивилното население во Србија под бугарска окупација /1915-1918 година/“.
Во текот на разговорот, бугарската страна изрази силна загриженост за презентираните материјали во изложбата, дефинирајќи ги како израз на агресивна пропаганда насочена против Бугарија и против развојот на добрососедските односи во регионот.
Андреева ја потсети амбасадорката Паниќ дека според заклучоците на Советот за проширување на ЕУ од 13 декември 2022 година, се очекува земјите кандидати за членство во ЕУ да вложат решителни напори за процесите на помирување и стабилност во регионот, вклучително и со надминување на наследството од минатото. Во контекст на евроинтегративните процеси, Советот на ЕУ очекува да се избегнат какви било дејствија кои имаат негативно влијание врз развојот на добрососедските односи. Од Србија особено се бара да работи на зајакнување на добрососедските односи и да придонесе за стабилноста и помирувањето во регионот.
Според бугарското МНР организирањето на ваков настан во пресрет на новогодишните празници, насочен против Бугарија, има јасна пропагандна цел и поттикнува на екстремен национализам. Организирањето на изложбата го прифаќаме како дел од агендата на одредени кругови кои работат против добрососедските односи меѓу Србија и Бугарија, се вели во реакцијата на бугарското МНР.
Изразуваме и сериозна загриженост дека ваквите настани ќе бидат искористени за говор на омраза против бугарското национално малцинство во Србија.
Ваквите активности во никој случај не можат да се разгледуваат изолирано од севкупниот контекст на актуелните прашања во поширокиот регион. Тие се индикативни за пристрасно и еднострано толкување на настаните од минатото, на начин што наметнува трајни линии на поделба во општествата и е во спротивност со европските вредности.
Во врска со информациите дека предметниот настан е поддржан од Министерството за култура на Србија, бугарската страна очекува да биде информирана дали државните институции на Србија поддржале ваков настан, насочен против развојот на добрососедските односи. со Бугарија.
Би сакале да веруваме во искреноста на гестовите на помирување и градење доверба меѓу шефовите на државите на нашите две земји. Пример во тој поглед беше полагањето венци и поклонувањето пред споменикот на Нешков врач кај Цариброд од страна на претседателите на Бугарија и Србија, Румен Радев и Александар Вучиќ. Ваквите значајни настани на највисоко ниво датираат одамна, но се систематски еродирани од таквите „иницијативи“, стои во реакцијата на МНР на Република Бугарија.
