| |

Векот на Дјанко Марков

Пишува: Борислав Скочев, сп. Диалог, 04.10.2022 г.

Мислам дека песната „Пријателите“ од Дјанко Марков најдобро ja изразува неговата должност, на која тој го посветил својот живот и судбината на која бил осуден.

Судбината да не го знае гробот на неговиот татко убиен од комунистите, да го надживее убиениот син, да ги испрати своите браќа и пријатели.

като по жребий;
като по зов
                 за ешафода,
който тях уби по веднъж,
а мен – многократно…
и аз ги изпращах
                         с надгробни цветя,
с надгробни слова,
за да оставам без тях
всеки следващ ден
все по-беден,
                     все по-сам…

А должноста – без право на отдих, без право на смърт – да ја пренесе  към бъдното техните съсечени мисли, воли, копнежи… Да ја раскаже трагедијата на родените меѓу двете светски војни, пораснати со раната од Ној, осудени од тогашното време на…

безсмислена,
                       обща голгота:
да бъдем убивани,
да бъдем убийци…

“Биография на едно полупоколение”

И на мир кој…

ни посрещна с окови,
със свити юмруци,
                            със съд.
С тълпи разярени скотове,
и викове: “Смърт!
                             Смърт!”
Мирът ни обливаше в кърви,
мирът ни убиваше вързани.
О, благословена войната!

“Биография на едно полупоколение”

Дјанко Марков не престана да ја исполнува должноста на поетот кон неговиот татко и браќата, кон врсниците, убиени во војната со неостварени соништа, закопани во анонимни масовни гробници во крвавата комунистичка есен на 1944 година, фрлени во затвори и концентрациони логори, жртви на прогон во сопствената татковина, поранешни луѓе кои не го дочекаа крајот на комунизмот.

Во нивно сеќавање и заради споменот на идните бугарски генерации, тој ги објавуваше сведоштвата на и за жртвите, нивните песни и есеи, пишувани тајно, забранетата, нераскажаната и заборавена бугарска историја, а и самиот ги даде своите сведоштва како очевидец.

Тој продолжил да го прави тоа, дури и кога непознати го клеветеле и го напаѓале во неговиот дом, а најблиските го изневерувале поради конформизам.

Дури и откако ја претрпе најтешката загуба за еден човек…

Па дури и кога слухот, очите и телото го напуштија.

И кога, на самиот крај, го напушти и помнењето – прекрасното помнење, кое воскреснуваше времиња, луѓе, настани и чувства – се покажа дека тоа не е сржта на неговата личност, клучот за неговиот шарм и влијание, туку достоинството, дисциплината и џентлменството. Тој не ги загуби до крај, тие се покажаа како негово духовно ткиво и со нив неговата личност сведочеше за квалитетите на минатите бугарски генерации и бугарските офицери.

Дјанко Марков сакал на неговиот гроб да се прочита песната „Пријатели“ или да се пушти снимка од неговото рецитирање за да дојде до неговите пријатели кои во тој момент го испраќале. Не најдов снимка, но секој може да ја прочита во спомен на Дјанко Марков и неговата генерација – последната преродбеничка генерација, која се подготвува да им служи со сета своја сила, талент и интегритет на светлите хуманистички идеали на бугарската Преродба, а осуден да го преживее падот на Бугарија под советско ропство и да исчезне во тоталитарните безвременост, цинизам и просечност.

Слични Објави