ТИ-М: ВЛАДАТА НЕ ГО ПОЧИТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Вести Истакнато Македонија

Владата не го почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одбива да постапи по решение на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер Транспаренси Интернешнл Македонија бара Претседателот на Владата г-дин Зоран Заев да преземе мерки за одговорност на Генералниот секретар на Владата поради постапување спротивно на Закон, а бараната информација да нѝ биде доставена
Од Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) информираат дека на ден 13.06.2018 година испратиле Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Р.С. Ммакедонија во врска со издадено полномошно, со кое Владата ја ополномоштува адвокатската куќа White & Case LLP од Њујорк, да поднесе претставка против Транспаренси Интернешнл Македонија пред Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл во Берлин.