116 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ТОМА ДАВИДОВ- БУГАРСКИОТ ОФИЦЕР ШТО ГО ПОСВЕТИ СВОЈОТ ЖИВОТ НА МАКЕДОНИЈА

Вести Истакнато Македонија

Тома Давидов е роден во Ловеч, Бугарија на 2 мај 1863 г. Завршил воено училиште во Софија. Учествувал во српско-бугарската војна. Во летото на 1895 г. учествува во Мелничко востание, кое било во организација на Врховниот македонски комитет.

По акцијата Давидов се вклучил во работата на офицерските братства. На VІ македонски конгрес во 1899 година бил избран за член на ВМК заедно со Борис Сарафов, Антон Бозуков, Славчо Ковачев и Христо Саракинов.

На VІІ македонски конгрес во 1900 година бил реизбран за потпретседател на Комитетот. Потоа, разочаран од идејните меѓусебни борби меѓу македонско-одринските дејци, во 1902 г. заминува за Македонија како војвода на ревизиона чета од ТМОРО во Битолско, Охридско и Демирхисарско.

Негови се зборовите:

„Не сум од Македонија, но за нејзината слободата сум подготвен секој момент да си го дадам живот. Ќе одам таму, меѓу братскиот народ да умрам, а не тука да ја трујам душата своја за Македонија“.


Загинал од турска заседа кај с. Оздолени, Охридско, на 15 март 1903 г.

Неговиот соборец Димитар Поп-Андов сведочи за храбриот и скромен бугарски офицер:

„Тој ја разбираше човечката душа, влегуваше во маките на населението и земаше мерки, така што четите да не му се во голема тежина. Беше издал наредба, кога ќе требаше да се престојува во некое село, да не се порачува ништо да се готви за јадење, а четниците да бидат задоволни од она јадење што им донесат селаните. Сам Давидов, кога одеше во некое село, никогаш не дозволуваше да му се постилаа, а спиеше само на својот шинел“.