| |

НИТУ ПАРИТЕ ОД ДРЖАВНАТА ПОМОШ НЕ СЕ БЕЗБЕДНИ ОД ИЗВРШИТЕЛИТЕ – РОК ДО ПЕТОК ЗА ОНИЕ СО БЛОКИРАНИ СМЕТКИ

Луѓето со блокирани сметки од извршители имаат уште два дена да отидат во банка и да потпишат договорна документација, за отварање наменска сметка. Доколку тоа не го сторат, парите ќе се вратат во буџетот, информираат дел од банките за Телма.

„Овие средства нема да бидат зафатени од постоечки блокади на клиентите. Потенцијален ризик се идните блокади. Ова се однесува на сите клиенти, не само на оние кои имаат активна блокада во моментот на одобрување на средствата,“ велат дел од банките.

Клиентите уште од утрово се наредија пред банките. Се чека со часови, гужвите се неизбежни.
Ова е вторпат во неколку месеци државната помош да создаде вакви редици. Некој доаѓа по парите, а друг да провери дали е на список.
Зошто овојпат нема ваучери за купување на домашни производи во продавниците – одговор имаат во Владата. Парите можат да се извадат од банка бидејќи во секој случај ќе завршат во домашната економија, убедени се надлежните.
Во овој сет на мерки за помош на граѓаните поради справување со Корона-кризата, помош од шест илјади денари ќе добијат 283 илјади граѓани. За ова владата има одвоено нешто повеќе од 27 милиони евра.

Слични Објави