|

Нобеловата награда за литературa ја освои норвешкиот писател Јон Фосе

Нобеловата награда за литература ја доби норвешкиот писател Јон Фосе поради „неговите иновативни драми и проза која дава глас на она што не може да се изговори“, соопштија од Нобеловиот комитет.

Фосе е роден во 1959 година во норвешкиот град Хаугесунд, а во неговото детство преживеал сериозна несреќа поради која безмалку го изгубил животот. Ова искуство има оставено длабока трага во неговите дела.

Неговиот дебитантски роман „Црвено, Црно“, објавен во 1983 година, е напишан на ниноршки, еден од двата официјални јазични дијалекти на норвешкиот јазик. Ова претставува значајно дело поради неговата бунтовност и емотивна сировост, која ја обработува темата на самоубиство, која на повеќе начини се преплетува и во неговите подоцнежни дела.

Делата на Фосе се преведени на повеќе од 40 различни јазици.

Покрај признанието Фосе ќе добие и парична награда од 11 милиони шведски круни (нешто помалку од милион евра) од наградниот фонд на Нобеловата награда.



Слични Објави