|

Ноев: Влезот на Бугарија во Шенген зоната е исклучливо политичко прашање

„Ова што се случува во Министерството за надворешни работи е без преседан во нашата историја. Никогаш досега вработените не биле принудени да бараат заштита на нивните професионални права преку ефективни штрајкови. Тоа означува голем пад на бугарската држава“, изјави за БНТ експертот за Национална безбедност и поранешен министер за одбрана Бојко Ноев.

„Надворешната функција на државата не се коктели, средби и фотографии пред камери. Тоа е секојдневна, крајно напната дејност која бара сериозни познавања, труд, познавање јазици. Така што односот кон нашите дипломати и вработените во министерството е неправеден и тие сo причина си ги бараат правата“, коментира Бојко Ноев.

За влезот на Бугарија во Шенген зоната, Бојко Ноев изјави дека нашата земја ги исполнила сите услови за да биде дел од Шенген.

„Eдна држава членка на ЕУ да биде дел од Шенген зоната е една од формите, еден од показателите за целосна интеграција во европските структури, заедно со еврото, со заедничката валута. Тие два фактори – Шенген и еврото, секој посебно и двата заедно даваат заокружување на евроинтегративниот процес. Шенген е исклучително политичко прашање“, рече Ноев.

Се очекува Холандија утре да донесе одлука за Бугарија во Шенген

Според него, односот кон Бугарија е крајно неправеден.

„Холандија е државата која неправедно, од политички и некои лични причини, го суспендира членството на Бугарија и Романија во Шенген зоната“, додаде Бојко Ноев.

Слични Објави