НОВ ПАРК ВО АЕРОДРОМ
Нова зелена површина се гради на булеварот Трета македонска бригада спроти Американ колеџ.
Паркот ќе биде хортикултурно уреден со дрвја, патеки и нова урбана опрема.
„Набргу општината ќе биде збогатена со нови паркови на повеќе локации. Наш приоритет е подигнување што поголем број зелени површини“, велат од Општина Аеродром.


