Нова Република: Бидејќи нема “членство во ЕУ без право на глас”, да се вратиме на вистинските теми: криминал, корупција и Преговарачка рамка
Изјавата на евроамбасадорот Рокас во Скопје го торпедираше спинот на двоецот Мицкоски-Вучиќ.
Впрочем спиновите темелени на “креативните предлози” на поединечни функционери денес се познати и во минатото.
За споредба: имаше “креативни решенија” на странски функционери од почетокот на “спорот за името”. Спорот заврши со Преспанскиот договор – кој сега е неспорен за сите партии.
Изјавата на Рокас е очекувана и (сумирано) гласи: Нема членство вон стандардната процедура во ЕУ, исполнувањето на дефинираните критериуми, процедури и преземените обврски.
Затоа да се вратиме на суштинските теми:
– борба со криминалот и корупцијата,
– владеење на правото, вклучително примена на проширени рестриктивни мерки за “црнолисташите” на САД и проширена конфискација на нелегален имот,
– дополнување на Уставот согласно обврските од Преговарачката рамка и продолжување на преговорите.
Педесетина тони нелегална марихуана што шета низ граници е афера што не се прикрива со спинови на власта ниту со парцијален третман од парламентарната “опозиција”.
Напротив, тоа и заедничкото бегање од обврските од Преговарачката рамка укажува на подземен договор на фунцкионерите за штетен застој на државата.

