(Фото)Демонстрација во Софија: „Митрофанова надвор“ и „Целосно ембарго за рускиот крвав гас“
Огромен број луѓе зедоа учество во најновата демонстрација со поддршка за Украина, што се одржа денеска во Софија. Демонстрантите побараа воена помош и солидарност со Украина, јавува БГНЕС.

Демонстрантите повикаа на гонење на амбасадорката на Руската федерација во Бугарија Елеонора Митрофанова и на целосно ембарго за рускиот гас.

Демонстрантите го повикаа бугарскиот државен врв да заземе јасна и категорична позиција во поддршка на Украина и на ужасната војна предизвикана од рускиот претседател Владимир Путин.

Демонстрантите исто така повикаа Бугарија да испрати воено-техничка помош за Украина.


