Нови 18 случаи на Ковид 19, од нив 16 во Скопје и 2 во Битола

/

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 684 тестови, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16 и Битола – 2.

Од вкупниот број на позитивни (18), регистрираниа е 1 реинфекција.

Регистриран e 231 оздравен пациент од: Скопје – 101, Битола – 41, Прилеп – 24, Кичево – 13, Охрид – 8, Кавадарци и Радовиш – по 6, Штип – 5, Велес – 4, Куманово, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Виница, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), починато во домашни услови, пријавено на 30.03.2022 година.



Направени се 684 тестови преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-4, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-36, Авицена-18, Биотек-27, Систина-14, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-91, ВФВ Медикал-0, Ели Медика Плус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 421.

Досега во земјата се направени вкупно 1.997.169 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а бројот на активни случаи изнесува 826.



Претходна статија

Кузеска: СОНК продолжува со уцени на штета на учениците и наставата

Следна статија

Ново покачување на цената на горивата од полноќ

Најново од Вести