НОВИ 23 ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО БУГАРИЈА

Во изминатите 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 23 заразени од коронавирус. Вкупно досега се регистрирани 243 случаи. Тоа го изјави на прес конференција генерал Венцислав Мутафчиски, началник на Оперативниот штаб за справување со Ковид-19.

„Ќе му предложиме на министерот за здравство продолжување на вонредните мерки до 12 април. Друг предлог е – карантин за апсолутно секој кој пристигнува од странство“, изјави Мутафчиски.

Шефот на Оперативниот штаб соопшти дека во моментот 4 пациенти се наоѓаат во критична состојба.