НОВИ МИЛИОНИ ДОАЃААТ ВО ЗАГРЕБ: АТЛЕТИКО МАДРИД ЌЕ ГО КУПИ ДАНИ ОЛМО?

Веќе е извесно дека најдобриот фудбалер на загрепски Динамо, Дани Олмо ќе си замине зимава од „Максимир“ и по се изгледа ќе направи рекорден трансфер на Балканот, а шпанските медиуми веќе најавија – во јануари доаѓа во Атлетико Мадрид.

Олмо во Динамо дојде од славната школа на Барселона, „Ла Масија“ и во последните две години толку силно блесна што го сврте вниманието на многу европски гиганти, но Динамо Загреб одолеваше на сите „ситни понуди“ и одбиваше преку 25 милиони евра поставувајчи цена од 40 милиони. Олмо со Динамо играше осминафинале во Лига Европа, групи во ЛШ, стана европски младински првак со Шпанија, стигна до сениорски настап за „фуријата“, па сувото злато на загрепчани сега дојде на наплата.

Олмо не крие дека сака да игра во врвна лига, а посебно дека сака да се испроба во својата татковина, па Атлетико Мадрид наводно експресно тргнал во операција за ангажман. Цената веројатно ќе стигне околу 40 милиони евра. Засега мадридските црвено-бели се фаворити за потписот, иако многу други клубови исто така покажуваа интерес.

Извор: Спорт1

Слични Објави