|

ВО ЈЕМЕН СЕ ПОЈАВИЛА БОЛЕСТ КОЈА ЗА 12 ДЕНА ПРЕДИЗВИКАЛА СМРТ КАЈ ПОВЕЌЕ ОД 600 ЛИЦА

Властите во Јемен се обидуваат да го откријат причинителот на мистериозната болест од која досега во земјата починаа 623 лица. Според извор од Владата во Јемен, директорот на Министерството за внатрешни работи, Ахмед Насир, починал од непозната болест за која се претпоставува дека е треската чикунгуња што ја пренесуваат комарци, или од белодробна чума, јавува агенцијата „Анадолија“.

Друг извор од Владата вели дека во периодот од 1 до 13 мај во Јемен од чумата, но и од други вируси, починале 623 лица меѓу кои и повеќе владини службеници.



Слични Објави