|

ВУЧИЌ: СО СТАВОТ ЗА КОСОВО МАКЕДОНИЈА ИМ СЕ ДОДВОРУВА НА ГЕРМАНИЦИТЕ

Северна Македонија направи сè за да и се додвори на Германија како најмоќна сила во ЕУ, изјави српскиот претседател утрово во интервју за телевизија Прва, по изјавата на министерот за одбрана, Александар Вулин кој испрати навредлива порака за македонскиот јазик и претседателот, Стево Пендаровски, јавува Фокус.

Вучиќ тврди дека на инаугурацијата на Стево Пендаровски замолил Северна Македонија да не се изјаснува за Косово и Метохија.

„Единствена работа што го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше, внимавајте, како Бог ве молам, гледајте за тие теми (Косово и Метохија) да не зборувате“ вели Вучиќ.

„Тие секако направија се спротивно од таа моја молба за да се истакнат во тоа додворување на Германците“ додава српскиот претседател.



Слични Објави