НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО
Повисоки плати од следниот месец ќе добијат здравствените работници, лекари, медицински сестри и здравствени соработници и младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал.
Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на Клинички центар постигнаа договор за анексите на двата колективни договори и тој е потпишан неколку дена пред почнување со работа на техничката Влада, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Новото последно зголемување, здравствените работници, лекари, медицински сестри и здравствени соработници и младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал ќе го добијат од февруари годинава, со мартовската исплата.
Има зголемување од 20 отсто за наставниот кадар, за лекарите специјалисти ширум државата е предвидено зголемување од 25 отсто, општите лекари – 15 отсто, медицинските сестри – 10 отсто, здравствените соработници 5 отсто и исто толку проценти за помошно техничкиот персонал, рече Филипче.

