| |

Објавен е декрет за воена помош за Украина

Во Државниот весник на Р. Бугарија е објавен декрет со кој Бугарија може да почне да испраќа воена помош за Украина.

БСП инсистираше претседателот Румен Радев да стави вето на законот. По објавувањето во Државниот весник, нема пречки за испраќање на воената помош чија листа е доверлива.
Според в.д. министер за одбрана Димитар Стојанов, се очекува транспортирањето да се изврши со девет американски воени транспортни авиони.

Законот за ратификација на Договорот меѓу Министерството за одбрана на Република Бугарија и Министерството за одбрана на Украина за бесплатно обезбедување на вооружување, опрема и муниција се состои од две точки:

чл. 1. Го ратификува Договорот меѓу Министерството за одбрана на Република Бугарија и Министерството за одбрана на Украина за бесплатно обезбедување на вооружување, опрема и муниција, потпишан на 5 декември 2022 година во Софија, Република Бугарија.

чл. 2. Наредува Анекс бр. 1 (со доверлива содржина) на договорот од чл. 1 да не се објавува во „Државен весник“.

Законот влегува во сила од денот на објавувањето во „Државен весник“.

Слични Објави