| |

ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА ДЕНЕСКА ЌЕ СВЕДУЧИ ЗА „РЕКЕТ“

Обвинителката Лиле Стефанова денеска ќе сведочи за случајот „Рекет“ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Засега во овој случај осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски- Кичеец, јавува Фокус.

Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е Орце Камчев. Тој, наводно, според истрагата за „Рекет“, дал 1,5 милиони евра мито на Јовановски и Кичеец, за да запре кривичниот прогон против него.

Обвинителката Стефанова неколку пати појасни дека „поволностоте“ кои ги добил осомничениот Камчев, односно укинувањето на притворот и враќањето на пасошот, се дадени од шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Слични Објави