ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА СОБИРОТ НА ВЕРНИЦИ ВО СТРУГА

//

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи, а во врска со масовното присуство на граѓани на Литијата одржана на 7 мај 2020 година, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија, информираат од обвинителството.

-Постапувањето на обвинителството е заради присуството на граѓани на Литијата во услови на пандемија, кога не се почитувани Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за задолжително придржување на здравствените прописи и тоа во однос на забраната за групирање во групи поголеми од две лица, потребното растојание од најмалку два метри меѓу лицата и задолжително носење на заштитни маски доколку просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното.

Во насока на утврдување на факти во предметот, струшкото обвинителство поднесе Барање до МВР – ОВР Струга за проверка на настанот и откривање на евентуални сторители на кривичното дело. При тоа, побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на Литијата за да се утврди дали настанот бил уредно пријавен, кој требало да учествува, каква дозвола добиле и дали е постапувано согласно истата, како и дали презеле дејствија како организатори да нема присуство на граѓани или пак со редарска служба да го обезбедат евентуалното присуство на граѓани, а во насока на примена на здравствените прописи во услови на опасност од ширење на заразната болест предизвикана од вирусот COVID-19.

Обвинителството издаде и Наредба за обезбедување на безбедносните камери од околните објекти, со цел да биде извршена идентификација на лицата кои присуствувале на настанот, како и да се утврди дали лицата самоиницијативно присуствувале на настанот, се вели во соопштението на обвинителството.





Претходна статија

ВО СКОПЈЕ ИМА НАД 50 ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 НА 100.000 ЖИТЕЛИ

Следна статија

ЈАНЕВА: ДА ЗНАЕТЕ ШТО СЕ ЗНАМ ОД 660-ТЕ ИЛЈАДИ ФАЈЛОВИ, СИГУРНО НЕ БИ БИЛА ТУКА

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи