|

ПАТНИЧКИТЕ ВОЗОВИ НЕМА ДА СООБРАЌААТ ЗА ВИКЕНД

ЖРСМ Транспорт АД Скопје ги извесува патниците дека, согласно Одлука на вадата со која ограниченото движење во деновите на викендот (сабота и недела) ќе започнува во 16 часот и ќе трае до 05 часот следниот ден, се врши и времена измена во возниот ред со тоа што патничките возови во деновите за викенд ( сабота и недела ) нема да сообраќаат.

Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ке преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23.03.2020 година.

Исто така ги известуваме патниците дека во понеделник 30.03.2020 година, возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да допатува воз поради полицискиот час.

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23.03.2020 година.

Слични Објави