|

Од денеска ноќни линии на ЈСП Скопје

Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и тоа со 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б.

Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје.

На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години.

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б, ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.



Слични Објави