Министерката Петровска се сретна со генералот Беноа Дуре

/

Министерката за одбрана Славјанка Петровска за време на работната посета на Франција го посети и Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција, каде имаше официјална средба со директорот на институтот, генерал-потполковник Беноа Дуре.

Како што соопшти Министерството за одбрана, за време на средбата била реафирмирана значајноста на склучувањето на Договорот за соработка во одбраната со што ќе се создадат бројни можности за обука и едукација на нашите припадници на високите престижни школи во Франција.

На средбата, како што се наведува, се дискутирала и одбранбено – безбедносната проблематика во регионот, при што министерката Петровска ја потенцираше значајноста за интензивна интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Петровска се заблагодари за поддршката и можноста нашите претставници да се едуцираат на Институтот за високи студии за национална одбрана.

Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција има за цел да ја промовира културата на одбраната, да учествува во зајакнувањето на националната кохезија и на придонес во развојот на стратешкото размислување за прашањата од одбраната и безбедноста. Во два наврати наши претставници учествуваа на курсот „Вооружување и одбранбена економија“ на Институтот за високи студии за национална одбрана.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Џафери: Моите одлуки за иницијативите за референдум се исправни

Следна статија

Маричиќ: Неопходен е консензус на партиите за европската иднина

Најново од Вести