Припадници на бугарската Гарда со знамето на Бугарија во своите раце го отворија пешадискиот дел од воената парада што се одржува во Париз по повод државниот празник на Франција- 14 јули. Заедно со бугарските гардисти продефилираа и припадници на армиите од источното крило на НАТО.

Во парадата што се одржува на Шанз-Елизе учествуваат 6300 војници, 71 авиони, 25 хеликоптери и друга воена техника, јавуваат бугарските медиуми.